Вакцина за коронавирус– одговори на најважните прашања


Желбата за враќање во нормалност е огромна: кога ќе биде дозволена корона-вакцината? Кој ќе се вакцинира прв? Ќе биде ли задолжителна? Дали ќе биде сигурна во борбата против Ковид-19?

Кога ќе пристигне корона-вакцината во ЕУ?

Единаесет месеци откако новиот коронавирус стана познат, Бионтек/Фајзер веќе имаат одобрение од Велика Британија за нивната вакцина. Другите поранешни партнери од ЕУ ќе мора да почекаат уште некое време, бидејќи Европската агенција за лекови ЕМА, најдоцна до 29.12 ќе решава околу одобрување на корона-вакцината на Бионтек и Фајзер, додека за вакцината на американската фармацевтска компанија Модерна ќе одлучува до 12 јануари.

Бидејќи компаниите веќе имаат произведено милиони дози, вакцината би можела веднаш по одобрувањето да се дистрибуира во цела Европска унија – соодветно поделена според бројот на население.

И покрај брзањето, вакцините ќе бидат одобрени само доколку се навистина безбедни и ефикасни. Ова важи и за сите вакцини кои наскоро ќе бидат достапни, како онаа на британско-шведскиот концерн АстраЗенека или Синавак односно Синофарма од Кина.

Линк од целиот текст на Дојче веле тука