Вајгл, Кукан и Флекенштајн уверени дека во октомври ќе го добиеме датумот за преговори
Република Северна Македонија ќе го добие датумот за почеток на преговори во октомври, изразија уверување европретениците Иво Вајгел, Едуард Кукан и Кнут Флекнштајн на вечерашната заедничка прес-конференцијата со претседателот на Собранието Талат Џафери по завршување на вториот состанок во процесот Жан Моне во Скопје.
-Ништо не е готово. Ова е само еден од почетоците од приближувањето кон ЕУ. Наскоро вашата земја ќе стане членка на НАТО. Ова е неверојатно важен чекор за сите нас. Одлуките што лидерите на Северна Македонија ги донесоа прифаќајќи ги понекогаш болните услови од Преспанскиот договор добија огромна доза на почит и восхит за вашата земја надвор од неа. Тоа претставува еден знак на признание, а исто така и заложбата на ЕУ кон вашата земја. Септември или октомври се многу близу само едно лето стои до моментот со кој ќе се одбележи почетокот на преговорите, на почетокот на еден еднакво болен процес на приспособување кон законодавството на ЕУ кој што секоја земја кандидат треба да ги исполни за членство во Унијата, рече европратеникот Вајгл кој е известувач за нашата земја во Европскиот парламент.
Европратеникот Флекенштајн кој доаѓа од Германија ја повтори заложбата на канцеларката Ангела Меркел дека ќе се вложи со сета своја политичка тежина за Северна Македонија да го добие датумот за почеток на пристапните преговори во септември или октомври.
-Нејзините изјави не ги сакам секогаш, но оваа нејзина изјава многу ми се допаѓа и сметам дека ова е многу моќна и јасна порака од еден шеф на влада. И ако таа рекла нешто на таков јасен начин имала причина да го стори тоа навистина сум убеден дека датумот за почеток на преговорите ќе биде објавен во септември или октомври со сигурност, рече Фелекенштајн.
И европратеникот Кукан ги прокоментира заклучоците на јунскиот Совет на ЕУ упатувајќи порака дека времето лета и дека земјата треба да продолжи со реформите, изразувајќи не само надеж, туку и исакнувајќи дека е навистина е сигурен дека ќе го добиеме датумот за почеток на преговори и ќе покажеме дека навистина го заслужуваме тоа.
Вајгл и Кукан особено го подвлекоа фактот дека парламентот на Северна Македонија е единствено фунцкионален во регионот.
-Повторно бев уверен дека парламентарната демократија има навистина длабоки корени и дека таа навистина созреала. Имате Парламент кој е единствениот функционален парламент во регионот. Северна Македонија сега е спомната како пример за лидерство во регионот и како земја која има најмногу шанси да стане членка на ЕУ во блиска иднина. Ова е неверојатно постигнување и носи огромно задоволство за сите во земјава кои укажаа поддршка на овој храбар и ризичен пат кој Владата го презеде, рече Вајгел осврнувајќи се на резултатите од дводневните разговори што се водеа во Скопје во рамки на процесот Жан Моне.
Како што информира на прес-конференцијата претседателот на Парламентот Џафери, во рамки на оваа втора рунда разговори од процесот во која фокусот беше Деловникот на Собранието, постигната е согласност за финансиската независност на парламентот, за обезбедувањето и прашања што се однесуваат на собраниската служба, потоа за надзорната улога на собранието и за начинот на организирање надзорни расправи.
– Тоа е дел од работата околу ограничувањето на времетраењето на дискусиите за да се има предвидливост на почетокот и крајот на дебатата по определена точка и седница. Има дел од начинот на избор на генерален секретар, заменици на генерален секретар, потоа има дел околу работите по однос на имунитетот и реституцијата на имунитет во смисла на начинот на одземањето и гласањето за тоа и можноста да се врати имунитетот, како и дел околу скратените постапки. Значи тоа се работи што може да ги третираме, но ги оставивме отворени за да можеме да допрецизираме одредени дилеми што се искажаа како резултат на дебатата во смисла на она што ќе биде конечната одлука, односно конечно решение за подоцнежно практично спроведување на работите што ќе ги третира деловникот, рече Џафери на новинарско прашање кои се темите за кои се уште нема договор.
Запрашан во врска со конститутивната седница, рече дека тоа е веќе усогласено и е прецизиран начинот на почеток и завршување на конститувна седница. Во тој дел, рече, е додадено ново поглавје во смисла издвојување на процедурата за избор на претседател и потпретседатели за да не бидат на една иста седница.
Џафери очекува поддршка за продолжување на процесот Жан Моне и од новиот состав на Европскиот парламент.
Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид.