В година, поинаков систем за матура – годинава без ливчиња, мобилни и препишувања


Денеска матурантите го полагаа првиот екстерен испит, односно мајчините зајици, а вториот е на 11 јуни.

Годинава, учениците од училиштата „Марија Кири Склодовска“ и „Димитар Влахов“ државната матура ја полагаат во просториите на Земјоделскиот факултет при УКИМ. Истото важи и за другите училишта, кои немаат свои просторни услови.

 

Токму тука, дојде и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Пред почетокот на полагањето им посака успех на матурантите, а пред камерите изјави дека се надева дека годинава, ќе има помалку препишување.

„Оваа година очекувам се да помине во ред и мир, со многу помалку несакани дејствија, односно препишувања што се случуваа во минатотот. На тестаторите и наблјудувачите порачувам да си ја извршат својата работа одговорно. Нагласувам дека законската регулатива е зајакната и не очекувам никој да влезе во ризик за да поднесе некакви санцкии“, вели Весна Јаневска.

 

А, какви тоа санкции ќе има за оние кои што препишуваат?

„Најстрашно е тоа што ќе биде отстранет од испитот, и тој што препишува не очекувам ни да знае. Најверојатно ќе ја изгуби целата година, до следното полагање на матура, што значи дека изгубил година од животот да влезе на пазарот на труд или на факултет“, вели Весна Јаневска.

Резултатите ќе бидат објавени најдоцна еден месец од полагањето на вториот екстерен испит односно околу 10 јули. Државна матура плагаат околу 15 000 матуранти, а процесот го надгледуваат околу 2000 тестатори.

„Сите наставници кои што се во улога на тестатори, максимално, одговорно да си ја сватат нивната задача денес, бидејќи нивната улога е клучна во оваа работа. Затоа што не сме само ние, тука е целиот образовен систем вклуче, тргнувајќи од Државен испитен центар, МОН, Бирото за развој на образованието и останатите образовни институции“, вели Даниела Јовчевска-Михајловска.

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Единствен пат не беше организирана на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.

Со донесените измени на Законот за средно образование, од наредната учебна година ќе се примени нов концепт на државна матура кој предвидува полагање на посебна државна матура за стручно, за гимназиско и за уметничко образование.