Уживајте во вистинскиот италијански вкус: Направете вистинска фокача


Најдобриот, наједноставниот и најбрзиот се некои од епитетите за вкусната италијанска скара попозната како – focaccia. Потребни се само 25 минути за подготовка, 20 минути печење и малку време потрошено за нараснување на тестото.

Состојки:

500 гр брашно + за посипување
7 g сув квасец
2 лажички морска сол
маслиново масло
1 лажичка крупна морска сол
гранчиња рузмарин

Подготовка:

Во голема чинија ставете го брашното. Од едната страна од брашното измешајте квасец, а од другата ситна сол и сè измешајте. Солта се одвојува од квасецот за да не се деактивира.

Направете вдлабнатина во центарот на брашното и додадете 2 лажици масло. Постепено сипете 350-400 мл млака вода додека не добиете малку лепливо тесто (можеби нема да ви треба целата вода)

Работната површина посипете ја со брашно и на неа префрлете го тестото. Месете 5-10 минути додека тестото не стане меко и помалку лепливо. Потоа префрлете го во чист сад, покријте го со крпа и оставете го да нарасне 1 час додека не се удвои.

Намачкајте со масло правоаголен, плиток плех (25 x 35 cm). Тестото префрлете го на работна површина, па развлечете го до големината на тавата. Покријте со кујнска крпа и оставете да нарасне уште 35-45 минути.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Притиснете ги прстите во тестото за да направите вдлабнатини. Измешајте една и пол лажица маслиново масло, една лажица вода и малку сол и прелијте го врз лебот. Турнете ги гранчињата рузмарин во вдлабнатините во тестото.

Печете 20 минути додека не порумени. Додека е сè уште жешко, прелијте го со уште една или две лажици маслиново масло, исечете го и послужете.