Ужас на Игрите: Со лизгалка пресечено лицето на натпреварувачка од Полска
Полската Камила Селиер (25) е сериозно повредена во трката за брзо лизгање на 1500 метри.
Во четвртфиналната трка, Селиер, легендарната Италијанка Аријана Фонтана, сопственичка на 15 олимписки медали, и Американката Кристен Сантос-Грисволд паднаа во еден момент.
Во хаосот, лизгалката на Сантос-Грисволд ја удри Полјачката во лицето, веднаш над окото. Лицето ѝ беше исечено, мразот беше полн со крв, а по некое време Селиер беше пренесена на носилка до амбулантното возило, а потоа и во болница.
„Исеченицата ѝ беше зашиена, а таа исто така претрпе скршеница на коската на лицето. Окото и сè околу него беа многу отечени, па на почетокот не знаевме дали окото е оштетено, но најверојатно сè е во ред. КТ скенирањата покажаа мала фрактура на лицето и се очекува Камила да помине еден ден во болница пред да биде пуштена. „Таа во ниту еден момент не беше во несвест, може сама да стане од кревет и генерално е добро“, соопшти Полскиот олимписки комитет.
Другите натпреварувачки поминаа без повреди, само Италијанката Фонтана заврши со скинат костим и блага болка во колкот, но сепак успеа да ја заврши трката и да се пласира во полуфиналето.