Утрово земјотрес во Врање, почуствуван и во Македонија
Утрово во 4 часот и 48 минути земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во реонот на Врање на 10 километри североисточно.
Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод врз основа на автоматски лоцирани сеизмолошки настани.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје.