Утре повеќе тетовски села без електрична енергија со часови


Фото: Б. Грданоски

Жителите на повеќе тетовски села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, најавија од електродистрибуција.

Од 09:00 часот наутро до попладневните часови без струја ќе бидат:
• Стримница – делови од селото, од 09:00 до 14:00 и повторно од 09:00 до 14:30 часот
• Прушовце – објектот на Шакир за производство на прозори, од 09:00 до 14:30 часот
• Требош – дел од селото кај училиштето, од 09:00 до 14:30 часот
• Добарце – делови од селото, од 09:00 до 14:30 часот

Жителите се предупредуваат навреме да ги завршат своите обврски, бидејќи повеќечасовните прекини може да предизвикаат сериозни проблеми во секојдневието.