Уште колку солзи ќе пророни ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ: Филипче ја туркал партијата во лидерска криза


Фото: Б. Грданоски

 

Кој знае кој ден по ред секое утро владејачката ВМРО-ДПМНЕ се занимава со ситуацијата во СДСМ. Наместо владата на ВМРО-ДПМНЕ да прави реформи во државата партијата бара од СДСМ да правел внатрешни реформи. Владејачката партија во соопштението вели дека Венко Филипче го туркал СДСМ во лидерска криза. Еве дел од соопштението:

„Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи.

Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата.

Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус  му се желбите и заштитата на Заев.

И додека Филипче ја турка СДС во лидерска криза, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство.

Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата. Единствен чекор со кој може да ја спаси партијата од дополнително раслојување е оставка и целосна внатрешна реформа низ транспарентен и демократски процес“, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.