Уште еден земјотрес во Петриња
Во текот на ноќта, крај Петриња во Хрватска, забележан е уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, соопшти утрово Сеизмолошката служба.
„Ноќеска, на 2 февруари, во 2.43 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епидентар на 7 киломтери јужно од Петриња“, објавено е на официјалната страница на Сеизмолошката служба, пренесе Хина.
Магнитудата на потресот изнесувала 3,2 според Рихтер, а изнензитетот во епицентарот IV степени според ЕМС скалата, се додава вос сопштението.