Уште еден напад со автомобил во Германија, во Минхен – 12 повредени
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/Напад-во-Минхен.jpg)
Германската полиција во четвртокот соопшти дека најмалку 28 лица се повредени кога автомобил влетал во толпа во Минхен во, како што го нарекоа официјалните лица „сомнителен напад“.
Инцидентот се случи ден пред почетокот на големата безбедносна конференција на која присуствуваа светските лидери.
Автомобилот управуван од 24-годишен Авганистанец удрил во пешаци околу 10,30 часот во центарот на градот, соопшти полицијата. Возачот на автомобилот бил „обезбеден“ и не претставува дополнителна закана, соопшти полицијата.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека автомобилот кој ги удрил печаците бил бело „мини“.
На прес-конференција, Маркус Зодер, премиер на покраината Баварија, даде детали за инцидентот и потврди дека се третира како можен напад. Претходно, полицијата во Минхен соопшти дека најмалку двајца од удрените се тешко повредени.
На местото на настанот има големо присуство на полиција и пожарникари, а полицијата ја предупреди јавноста да ја избегнува областа.
Портпаролот на полицијата Томас Шелшорн изјави дека можниот мотив останува нејасен, но потврди дека во близина се одржувале демонстрации на синдикатите.
Конференцијата за безбедност во Минхен, која е годишен состанок на политичари и одбранбени претставници од целиот свет, треба да започне во петок во услови на големо полициско присуство и строг безбедносен протокол.
Нападот се случи 10 дена пред федералните избори во Германија.