Уште еден голем пораст на инфицирани во Шведска


Шведска пријави уште еден голем пораст на нови случаи на корона вирус во петокот, со 1.056 позитивни тестови, што го одбележаа третиот ден кога случаите во целата земја се зголемија за повеќе од илјада.

Додека рекордниот извештај за 2.214 случаи во средата беше делумно објаснет со лабораторија од која се соопштија заостанатите резултати, во четвртокот, откако беа пријавени уште 1.084 случаи, јавната здравствена агенција соопшти дека растот на случаите не може целосно да се објасни само со зголемено тестирање.

Главниот епидемиолог на агенцијата, Андерс Тегнел, на прес-конференција во четвртокот изјави дека зголемувањето на нови случаи е забележано пред сѐ во Западна Шведска и кај помладите луѓе.

Сега Шведска има регистрираноо 42.939 случаи на корона вирус, а 4.639 смртни случаи по уште 77 смртни случаи кои беа пријавени во петокот. Стапката на смртност останува далеку под врвот достигнат кон крајот на април.

Шведскиот пристап за справување со корона вирусот е опишан како „лесен допир“, со тоа што на продавници, спортски сали и ресторани им е дозволено да останат отворени, а од јавноста е едноставно побарано да се избегнуваат несуштински патувања.

Скептиците за заклучување кои сметаа дека видовите мерки на заклучување што се гледаат на друго место во Европа отидоа далеку, ја поздравија стратегијата. Но, критиките се зголемуваат откако стапката на смртност по глава на жител во земјата далеку ги надмина нејзините блиски соседи.

Претходно оваа недела, стапката на смртност од корона вирусот во Шведска ја надмина оној на Франција. Како и да е, таа останува далеку под Велика Британија, Италија, Шпанија и Белгија – сите земји што спроведоа ограничувања на слободите во обидите да го содржат ширењето на болеста.