Уште еден директор на кинески гигант се откажува од водечката позиција


Основачот на ByteDance, компанијата која стои зад популарната апликација TikTok, Џанг Џиминг, поднесе оставка од позицијата извршен директор, во време кога компанијата минува низ процес на реорганизација на деловниот процес.
Напуштањето на компанијата, т.е. позицијата генерален директор, Џанг го најави во мај годинава кога посочи дека ќе премине на друга стратешки важна функција. Нов директор на Byte Dance е Лианг Рубо, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Потегот на Џиминг дојде откако компанијата е во процес на реорганизација во изминатите недели. Целата компанија ќе биде поделена на 6 помали и ќе се фокусира на различни делови од ИТ индустријата, од видео игри, до софтвер за претпријатија.

Byte Dance е уште една во низата големи кинески компании чии основачи постепено ги напуштаат своите позиции во компаниите што ги основале. Минатата недела, Су Хуа, основачот на конкурентската компанија Quaisho, престана да биде извршен директор на неговата компанија. Претседателот на JD.com направи сличен потег во септември кога се повлече од позицијата директор за, како што самиот рече, да се фокусира на долгорочната стратегија на компанијата.