Уште два работни дена за поднесување и плаќање ДДВ

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 01.08 – 31.08.2025. Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток).
Бидете одговорни даночни обврзници. Исполнете ги обврските навреме и одржувајте солидна даночна историја, на тој начин избегнувате дополнителни трошоци, камати и санкции. Досега, од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 2.057, што е близу 27% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ – 04 пријава. Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата. Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: е-Пошта: [email protected] Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200 Стручните тимови на Управата за јавни приходи во секое време Ви стојат на располагање за да обезбедат информации и поддршка со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници.