Уште 45 жртви на Ковид-19 во Хрватска


 

Во последните 24 часа забележани се 1.973 нови случаи на зараза со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи изнесува 19.275.

Меѓу нив 2.060 пациенти се на болничко лекување, од кои 235 на респиратор. Починаа 45 лица, со што вкупниот број на жртви од корона вирусот се искачи на 1.398.

Досега во Хрватска од корона вирус се заразија 105.691 лице, а оздравеа 85.018.
Тестирани се вкупно 683.104 лица, од кои 6.139 во последните 24 часа.