Уште 30 дена притвор за Боки 13
Бојан Јовановски и понатаму останува во притвор, откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена.
Јовановски веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“, а последните 30 дена му истекуваат денес.
Тој заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.