Урсула фон дер Лaјeн ќе учествува на октомврискиот самит на ЕУ
Белгија – Претседателот на Европскиот Совет во заминување, Доналд Туск, најави дека ја поканил новоименувана претседателка на Европската Комисија да учествува на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври.
Туск на Твитер вчера, по средбата со фон дер Лaјeн, напиша дека ја поканил да им се придружи на шефовите на држави и влади на Европската Унија на претстојниот самит за да ги презентира и дискутира нејзините планови за наредните пет години со нив.
Доналд Туск е претседател на Европскиот Совет до 1 ноември кога на негово место ќе дојде сегашниот премиер на Белгија, Шарл Мишел. Урсула фон дер Лaјeн ќе дојде на местото на Жан Клод Јункер на 1 ноември.
На самитот се очекува дискусиите да бидат фокусирани пред сѐ на истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, кое официјално е планирано за 31 октомври.