Урната дивоградба во Визбегово
Во раните утрински часови, Општина Бутел во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција за отстранување на бесправно изграден објект во населеното место Визбегово. Од општината посочуваат дека примената на Законот за бесправно изградени објекти се одвива континуирано и на целата територија под нивна надлежност.
Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека додека го води општината, законите ќе се применуваат без исклучок. Нагласи дека неговиот приоритет е заштита на интересот на граѓаните и поддршка на чесните луѓе, додавајќи дека во Бутел нема да се толерираат бесправни градби и узурпација на државно земјиште.
Објект на неколку ката со оградено зеленило
Според достапните фотографии, отстранетиот објект бил масивен и изграден на повеќе ката. Зеленилото околу него било целосно оградено со метални огради и жици, иако се наоѓало на државно земјиште.