Ураганот пустоши низ САД, 14 мртви


 

Најмалку 14 чица загинаа кога ураганот Лора во четвртокот ги погоди американските сојузни држави Луизијана и Тексас, како ураган од четврта категорија.

Брегот на Луизијана е опустошена, а повеќе стотини илјади граѓани немаат струја.

Како што наведува АП, можно е струја и вода да нема неколку недели или подолго.

Повеќе илјади луѓе ги напуштија своите домови и куќи пред бурата, а по враќањето ги дочекаа куќи без покриви и патишта покриени со урнатини.

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе ја посети областа за да ја процени штетата.