Управниот суд пресуди дека Јолевски ја дискриминирал Ленче Ристоска


 

Паралелно со оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во Кривичниот суд за да плати глоба затоа што не се извини иако Комисијата утврди дека ја дискриминал Ристоска кога таа по втор пат не беше унапреден, затоа што била на породилно отсуство при изборот на обвинители во Вишото јавно обвинителство.

Минатиот месец Јолевски и Ристоска се соочија пред Управниот суд откако тој не ја прифати одлуката на Комисијата и поднесе тужба до Управниот суд. Не сакаше јавно да се извини и тврдеше дека не ја дискриминирал обвинителката.Неговата теза е дека Ристоска не била унапредна затоа што тогашниот републички јавен обвинител не доставил извештај за нејзината работа иако членовите на Советот на јавни обвинители побарале ваков извештај за да извршат оценување.

–Пресудни беа извештајите за работа. Породилното отсуство беше споменато во контекст на немањето на извештаји. Изјавата беше извадена од контекст и погрешно сфатена. Ми е жал што немаше извештаји за работа за да одат во прилог на унапредувањето. Изнесував факти што постојат. Таман работа да е проблем породилното отсуство. Да има деца во оваа држава оти наталитетот ни е во опаѓање. Јас за неа гласав во 2021, рече Јолевски на рочиштето.

Советот на јавни обвинители минатата година по втор пат не ја избра обвинителката Ристоска за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје и обвинителот, Љубомир Лапе кој последно го отвори случајот „Феникс“ за спорниот проект „Скопје 2014“. Во 2021 година не беше избрана со образложение дека била млада. Овие одлуки на Советот беа донесени по критиките на Ристоска кон Советот, по што беше воведен Етички кодекс за обвинителите со којшто беа замолчени, а вториот неизбор следеше откако даде изјава дека членовите на Советот тргуваат со влијание. Ристоска сега е обвител за врски за „Европравда“ и пред неколку месеци кончено доби канцеларија во Обвинителството.