Улицата „Белградска“ во Скопје од денеска е еднонасочна


Изминатиов викенд екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје на улица „Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај.

На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза” кон улица „Димче Мирчев”согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај.

ЈП „Улици и патишта” Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение на оваа сообраќајница.

Тоа е истата онаа улица на која падна потпорниот ѕид во дворот на Државната клиника, а тогаш се бараше решение за поправка на ѕидот, дури и на шега се повикуваше Белград да дојде и да ја поправи, со оглед на фактот што речиси сите се прогласија за ненадлежни. 

(Видео) Падна потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар