Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 92 дрона во текот на изминатата ноќ
Украинското воено воздухопловство денеска соопшти дека соборило и неутрализирало 71 од вкупно 92 дрона кои Русија ги лансирала во текот на изминатата ноќ.
Украинската војска на социјалните мрежи наведе дека Москва користела дронови од типот „Шахед“, од кои некои биле на млазен погон, како и дронови „Гербера“, мамки „Пародија“ и дронови „С-8000 Бандерол“, лансирани од Русија и од окупираните територии на Доњецк и Крим.
Напади се регистрирани на 12 локации, а остатоци паднале на уште една локација.
Во Запорожје, трговски центар се запали по напад со дрон, соопшти регионалната воена управа.
На нападнатите локации не се пријавени жртви.