Украина: Затворениците се забарикадираа, штрајк поради лоша храна


Украинската полиција соопшти дека четворица затворски стражари се повредени во судирите со затворениците кои се забарикадираа во затвор во пристанишниот град Одеса.
Се наведува дека Серхиј Шајхет, шеф на истражното одделение на полицијата во Одеса, на телевизија изјавил дека полицијата преговара со затворениците.
Според претходните извештаи, неколку затвореници се повредени, а некои успеале и да избегаат.
Локалниот сајт „Думска“ објави фотографии на кои се гледаат луѓе кои се приведени во близина на ѕидовите на затворот и вратени се назад.
Активистите кои се собраа пред затворот велат дека затворениците протестираат поради лошиот квалитет на храната.