Украина: Загинати повеќе од 40 украински војници и најмалку 10 цивили


   Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби“, изјави Арестович. 

Украинските власти тврдат дека во борбите загинале околу 50 руски војници, а биле уништени шест руски авиони, пренесува Ал Џезира.