Украина воведува летови до Скопје, Подгорица и Белград


Украинскиот авио-превозник „Виндроуз“ оваа недела почнува со проширување на просторот на поранешна Југославија со воведување три нови рути, покрај ограничувањата поради пандемијата.

Авио-компанијата од утре лета на линија Киев-Подгорица, од недела и до Скопје, а до Белград почнува со летови наредниот понеделник, пишува порталот Exyuaviation.

На сите три працви ќе се лета два пати неделно со „ембраер E145“ со 49 седишта. Плановите на компанијата се да зачестат летовите кон Загреб, од два на три лета неделно. Се планираше да почнат на 4, н летовите до Загреб се одложени до 18 декември. Абио-превозникот нагласува дека рутите кон градовите од поранешна Југославија нудат згодни конекции кон Одеса, Хакров и Дњепропетровск.

Вкупно „Виндроуз“ ќе има 34 летови кој престолнината на Црна Гора оваа зима и ќе понуди 1.666 билети. Двата меѓународни аеродроми во Подгорица и Тиват, угостија 44.320 патници од украина во третиот квартал од годината.

Украинскиот авио-превозник ќе има 32 лета за Белград и за Скопје во текот на зимата, до 1.568 карти во еден правец. За Загреб се планирани 61 лет, со 3.450 карти.

Одреден број ротации кон престолнината на Хрватска ќе бидат изведени до поголем авион.

Со воведувањето на линијата за Скопје, по прв пат нашиот главен град ќе се поврзе нон-стоп со Киев, додека дообраќајот меѓу Белград и главниот град на Украина ќе биде продолжен по девет месеци, пишува порталот.