Украина тврди дека 50 Руси биле убиени на источниот фронт


Очтетен радар на украинските сили во Мариупол (Фото: АП)

 

Украинските сили соопштија дека убиле околу 50 „руски окупатори“ додека ја вратиле контролата врз градот Шчастија на источната линија на фронтот, јави АФП. Агенцијата вели дека не може независно да го потврди тоа тврдење.

Еве извадок од нивниот извештај за ситуацијата која брзо се движи додека руските тенкови напредуваат далеку во украинска територија, далеку од областите контролирани од сепаратистите поддржани од Москва.

„По одржувањето на серија итни повици со светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, украинскиот лидер Володимир Зеленски свика состанок на највисоките воени сили.

Зеленски ‘даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот’, рече врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-мајор Валериј Залужни.

Претседателскиот советник Михаило Подолијак рече дека украинските сили „водат тешка борба“ и го одбиваат руското напредување во некои делови.

Украинските власти рекоа дека Русија првенствено гаѓала воена инфраструктура и силоси, погодувајќи низа воздушни полиња.

Меѓу нив е и аеродромот „Бориспил“ во Киев, соопштија вооружените сили.

Украина го затвори својот воздушен простор за цивилен сообраќај. Веб-страниците за следење не покажаа цивилни авиони во воздушниот простор на земјата во четвртокот.

Инвазијата беше изведена и од неколку позиции во Белорусија, каде руските вооружени сили одржуваа масовни воени вежби овие месеци во кои учествуваа околу 30.000 војници.

Но, лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека неговите сили „не учествуваат во оваа операција“.