УЕФА го скрати списокот, Шкендија ги дозна можните ривали за квалификациите за ЛШ


Тетовска Шкендија утре од 14:30 часот ќе го дознае противникот за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Шкендија е носител во првата група пред ждрепката заедно со Астана, Лудогорец, Црвена звезда и АИК Стокхолм.

Шкеднија во првото квалификациско коло може да се сретне со еден од овие тимови: Судува (Литванија), Номе Калју (Естонија), Арарат (Ерменија), Френцварош (Унгарија) и Клуж (Романија).

Како најтешки противници се издвојуваат унгарскиот шампион Ференцварош за кој настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски, како и романскиот првак Клуж.

Ждрепката ќе се оддржи утре во Нион, Швајцарија, а дуелите се играат на 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.