Новиот француски селектор Зидан со строги правила го почнува мандатот
Новиот селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан, кој го наследи Дидие Дешамп воведува нови правила на работа во и со репрезентацијата со медиумите. Тој денеска ќе го објави првиот список на „триколорите“ под негово водство.
Првата промена се однесува на тоа што при објавувањето на списокот нема да биде дозволен влез на камери, туку преносот ќе се емитува исклучиво на каналите на ФФФ (Француска фудбалска федерација). Зидан забранува собирање на медиуми пред тренинг кампот што значи и тоа нема да може да се следи во живо. Федерацијата ќе врши дистрибуција на видеоматеријали.
Но, за разлика од времето на неговиот претходник Дешамп, сега на прес конференциите ќе има повеќе фудбалери, а не двајца како што било претходно. За време на подготовките Зидан нема да има поединечни интервјуа. Тој од денеска до натпреварот со Белгија на 5.октомври ќе има осум средби со новинарите.