Учителите во Венецуела имаат плата од 20 долари – гладни се!


 

Основното училиште „Доктор Енрике Делгадо Палациос“ во главниот град на Венецуела, Каракас, беше присилено да се затоври откако истекување на вода предизвика уривање на ѕидовите и таваните.

Речиси пет месеви 612 учениви два пати неделно оди на настава во блискиот магацин. Некои до нив не знаат ни да читаат на возраст од 12 години. Учителите се платени 20 долари месечно, што е приближно 5 отсто од износот потребен да се прехрани петчлено семејство во таа јужноамериканска држава.

Платите се никакви, како и условите за работа

„Се соочивме со некои тешки времиња, вклучително и денови кога немавме што да јадеме“, вели за Блумберг, Розмари Ниевес, учителка во специјално образование која има постопломски студии и дванаесет години искуство.

Уморни од платите и работните услови, учителите во јавните училишта оваа година излегоа на улици во пасовни протести низ целата земја барајќи поголеми плaти и поголема државна потрошувачка за образовниот систем.

некои бараат плата од 600 долари месечно, што е предизвик со оглед на слабата финансиска состојба во државата.

Владата не ги изполни ветувањата

Демонстрациите се покажаа како закана за претседателот Николас Мадуро, кој по завршувањето на десетте години на власт, веројатно повторно ќе се кандидира на избориите следната година. Мадуро се обидува да ја продаде идејата за нормализација во Венецуела додека нејзиното стопанство полека заздравува,.

Но, Владата не ги исполни своите ветувања за зголемување на платите на јавните работници, потади што многумина се борат да го прехранат семејството, што е очигледен пример за економската нееднаквост која владее во венецуела и покрај економското заздравување.

„Ова е типична ситуација на растечки очекувања, вели Давив Смилде, професор и стручњак за Венецуела на Универзитетот Тулана. „Тоа е многу јасна наративна закана за владата на мадуро“, нагласи Смилде.

Земјата во три години ја напуштиле 68.000 учители

Во почетокот училиштата се соочуваа со безбедносни и помали инфраструктурни проблеми. Тогап школските програми за прехрана и комуналии почнаа да пропаѓаат. Училниците се испразнија речиси преку ноќ затоа што милиони побгнаа од земјата во една од најтешките миграциони кризи во светот.

Според меѓународната консултантска компанија „Девтех ситеми“, меѓу 2018 и 2021 година земјата ја напуштиле 68.000 наставници од основните и средните училишта. за некои ситуацијата денеска е драстично подобра, главно благодарение на фактот што владата допушти доларот слободно да циркулира , што ја сопре рецесијата.