Ученик бил фрлан високо од свои соученици во училиштен двор – повреден е


Илустрација (Фото: Б. Богдановска)

Во вторникот, во 08.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(51) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека пред една недела, односно на 19.05.2025 во 10.30 часот на игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил фрлан во висина од неколкумина негови соученици, при што паднал и се здобил со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денешниот билтен донесува уште неколку насилства врз ученици. 

Имено,  истиот ден, во 20.15 часот во СВР Скопје, Х.С.(37) од скопско, пријавила дека околу 17 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, за време на училишен час, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.

Во 19.30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(47) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.