Ученици се тепале пред средно училиште во Аеродром со тврд предмет


Тепачка меѓу двајца ученици пред средно училиште во Аеродром. Бил употребен и тврд предмет.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (22.10.2025) во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред средно училиште на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Т.(18) и 17-годишник, двајцата ученици во училиштето, а бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.