Убиен полицаец во Велес
Едно лице е уапсено како осомничено за убиството на 40-годишен полицаец, кое се случи минатата ноќ околу 2:30 минути во Велес, информираат локалните медиуми. Брзата помош го затекнала полицаецот со убодна рана од нож во градниот кош.
Приведена е девојка, која била во љубовна врска со полицаецот, а убиството се случило во куќа на улица „Максим Горки“ бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови.
„Во 2.30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица „Максим Горки“ бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, изјави д-р Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.