Убедлива победа на Арсенал над Тотенхем


Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем Хотспур со 4-1 на гостински терен вечерва во натпреварот од 27-то коло од англиската Премиер лига.

Два гола за Арсенал постигнаа Еберечи Езе во 32-та и 61-ва минута и Виктор Џекереш во 47-та и 90+4-та минута. Единствен стрелец за Тотенхем беше Рандал Коло Муани во 34-та минута.

Хрватскиот тренер Игор Тудор го имаше своето деби како менаџер на Тотенхем во дуелот со Арсенал.

Арсенал е на првото место на табелата во Премиер лигата со 61 бод со натпревар помалку, додека Манчестер Сити е на второто место со 56. Тотенхем е на 16-то место со 29 бода.

Порано денес одиграа: Кристал Палас – Вулверхемптон 1:0, Нотингем Форест – Ливерпул 0:1 и Сандерленд – Фулам 1:3,