Убавата Елена и хероите од Тројанската војна откриени на фреска во Помпеја


На фреската се гледа како Парис ја краде Елена, што е причина за почетокот на Тројанската војна

 

Црно обоена трпезарија со две илјади години стари фрески инспирирани од Тројанската војна е откриена за време на ископувањата во римскиот град Помпеја, објави во четвртокот Ројтерс.

Големината на просторијата – долга околу 15 метри и широка 6 метри, квалитетот на фреските и мозаиците од времето на императорот Август и изборот на ликовите – укажуваат на тоа дека трпезаријата се користела за банкети, соопшти Археолошкиот парк Помпеја.

Според археолозите, новооткриените ѕидни слики се меѓу најпрекрасните пронајдени во урнатините на античкиот локалитет.

На високите црни ѕидови на голема сала за банкет може да се препознаат митски грчки фигури како Елена и Парис, Аполон и Касандра, пишува Би-Би-Си.

Речиси целосниот мозаичен под на собата вклучува повеќе од милион индивидуални бели плочки.

Откриената спектакулрална трпезариска сала (Фото: Ројтерс)

„Ѕидовите беа обоени во црно за да се сокрие чадот од маслените светилки. Луѓето се собраа на вечера по зајдисонце и треперењето на светилките направи сликите да изгледаат живи, особено по неколку чаши добро вино од Кампанија“, објасни Габриел Зухтригел, шеф на паркот.

Помпеја и околината биле затрупани под вулканска пепел кога вулканската вулкана Везув еруптирала во 79 година од нашата ера, убивајќи илјадници Римјани кои не знаеле дека живеат под еден од најголемите европски вулкани.

Доминантна тема на новооткриените фрески се херојството и судбината, пишува Ројтерс.

Една фреска ги прикажува Парис и Елена, чија љубовна врска е причина за Тројанската војна. Друга ги прикажува осудената пророчица Касандра и грчко-римскиот бог Аполон, пренесува Ројтерс.

Богот Аполон и пророчицата Касандра (Фото: Ројтерс)

Според грчката митологија, Касандра ја предвидела Тројанската војна откако го добила својот дар за предвидување од Аполон, но никој не ѝ верувал.

Локалитетот беше сведок на наплив на археолошки активности насочени кон негова конзервација, најмногу благодарение на проектот од 105 милиони евра финансиран од Европската унија.

Третина од изгубениот град допрва треба да се исчисти од вулкански остатоци. Тековните ископувања, најголемите во една генерација, ја нагласуваат позицијата на Помпеја како најголем прозорец во животот и културата на Римската империја.