Уапсени тројца разбојници на Бит Пазар, ограбиле седум малолетници

Вчера околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полицијата ги уапсил 19-годишниот С.А од с.Кондово, скопско, 20-годишниот Р.Ф и 22-годишниот М.И., двајцата од Скопје поради разбојништво.
„Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка“, информираат од МВР.