Уапсени тројца Бугари во чии возила се затекнат
Уапсени се тројца бугарски државјани во Демир Хисар. Се сомничат за кражба и незаконско изнесување на добра што се водат како македонско културно наследство.
Имено, полицијата вчера ги затекнала тројцата Бугари кои во две возила од кои едното било комбе – имале поголема количина предмети и делови од народна носија, за кои осомничените не можеле да обезбедат доказ за потекло.
Етнолог од Музејот во Битола извршил стручна процена и утврдил дека се работи за делови од традиционални македонски народни носии кои се класифицирани како културно наследство. Овие предмети се со посебен режим — забранети се за продажба и промет без дозвола од надлежни институции.