Уапсени две лица во Прилеп затоа што запалиле автомобил


 

На 20 декември полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б. (34) и Д.М. (22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Имено, на 19 декември на ул. „Кире Базерко“ во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М. (50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б..

Двајцата се лишени од слобода и со нив се извршени службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ од Кривичниот законик.