Уапсени двајца скопјани, нападнале полицајци


Илустрација (Фото: Б. Богдановска)

Во неделата, околу 22.10 часот во село Јурумлери, скопско, биле уапсени две лица Д.Б.(25) и Ј.Б.(35), двајцата од Скопје откако физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.