Уапсен советник од Алијанса за Албанците во Шуто Оризари?


Во полициската акција што ја спроведе утрово полицијата уапсен е советник од Алијанса за Албанците од општина Шуто Оризари, кој наводно бил припадник на криминалната група Грчец, неофицијално дознава „Фокус“. Засега официјална потврда на оваа информација од МВР нема.

Како што утрово беше објавено, полициски екипи утрово вршеа претреси и приведуваа членови на криминална група од скопското село Грчец.
Станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.

Во текот на денот, по завршувањето на акцијата, се очекуваат детали од полицијата.