Уапсен скопјанец за обид за убиство


Кривично ќе се гони 37-годпшен скопјанец кој со остар предмет прободел едно лице. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Г.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

-На 03.12.2024 во Скопје, по претходно нерасчистени меѓусебни односи, настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и лице од Скопје, при што пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана, информираа од полицијата.