Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество Јахи Јахија
По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови, јави СДК.
Функционерот е кадар на ДУИ. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.
Според очевидци од соседството на Јахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму.