Творецот на Спутник V: 300 антитела штитат од делта сојот
Русија- Директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург, изјави дека истражувањето на тој институт покажало дека се потребни 300 неутрализирачки единици на антитела за целосна заштита од делта соеви на коронавирус, пренесува Танјуг.
Гинзбург за весникот „Известија“ изјави дека ако некое лице има 500 единици антитела или повеќе, тоа е идеално за заштита од Ковид 19, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека со истражувањето биле опфатени 4.000 московјани.