Твитер го блокирал профилот на Филипче


Овој профил е привремено суспендиран, стои на твитер налогот на министерот за здравство Венко Филипче. Кога се отвара неговиот профил во предупредувањето стои дека била „забележана необична активност од овој профил“.

Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.