Турскиот заменик конзул во Ирак, убиен во напад врз ресторан во Ебрил
Турски дипломат е убиен во Ебрил, главниот град на ирачки Курдистан, соопштија безбедносни извори, пренесува Би-Би-Си.
Жртвата наводно е заменикот турски конзул во овој град. Тој бил меѓу неколкуте лица кои вечерале во ресторанот „ХуКабаз“, кога непознати вооружени напаѓачи отвориле оган врз нив.
Турскиот весник „Џумхириет“ пишува дека во нападот загинале двајца турски дипломати, а напаѓачите користеле оружје со задушувачи.
Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот.