Турција ја блокира одлуката на НАТО


Турција ја блокира првобитната одлука на НАТО да ги обработи барањата на Финска и на Шведска за придружување кон Алијансата, јавува ФТ.

Амбасадорите на НАТО се состанаа во среда со цел да ги отворат преговорите за пристапување истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа барањата за членство, но противењето на Анкара го сопре гласањето, вели лице кое има директни информации за ова прашање.

Одлагањето предизвикува сомнеж дека НАТО ќе може да ја одобри првата фаза на барањата на Финска и на Шведска во рок од една или две недели, како што рече генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Исто така,с е поставува сцена за повеќедневна интензивна дипломатија меѓу САД, Турција, Финска и Шведска, по ова прашање.

Сите 30 постоечки членки на НАТО мора да ги ратификуваат пријавите на Финска и на Шведска, но тој процес почнува дури откако одбранбениот сојуз ќе го издаде протоколот за пристапување и официјално ги повика двете земји да се придружат.

НАТО одби да ја коментира постапката на Турција.

Инаку, Финска и Шведска денеска поднесоа барање за придружување кон НАТО, соопшти секретарот јенс Столтенберг.

Тој го поздрави барањето на Финска и на Шведска.

„Вашето членство ќе ја зголеми нашата заедничка безбедност“, додаде Столтенберг.