Тропските горештини продолжуваат до средината на наредната недела

Денеска, пак, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеолошки работи (УХМР).
Утре во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.
Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 32 степени.
Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени. Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.