Тројно убиство во Србија. Млад човек со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата


Млад човек (22) од Књажевац, Србија, со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, пишува Нова.рс.

Истиот портал пишува дека младиот човек во полиција изјавил дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил сенилен, а татко му болен. Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.