Тројца загинати и осуммина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар


Сообраќајката што се се случи меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во непосредна близина на „Сеферов Бунар“ однесе три жртви, а дури осум учесници се повредени.

Три лица се загинати, а осум се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва во 20:55 часот се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Повредените лица се пренесуваат во болницата во Кичево и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Вечерва во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во која учествувале три возила. Според првичните информации, три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, додаваат од охридската полиција.

Претходно, од Авто-мото сојузот на Македонија информираа дека поради несреќата сообраќајот на оваа патна делница е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Информации за тоа до кога патниот правец ќе биде затворен за сообраќај се очекуваат дополнително.