Тројца убиени и 10 ранети во пукотница пред самопослуга во САД


 Три лица се убиени, a десет се ранети во пукотница пред продавница во градот Фордајс во Арканзас, изјавија синоќа од полицијата во оваа сојузна држава.

Меѓу ранетите се и двајца полицајци, но тие се вон животна опасност, изјавија од полицијата на брифингот за новинарите.

Од снимка од сигурносна камера се гледа како лице кое се наоѓа на паркинг пука со сачмарка во службени лица кои возвраќаат со пукање.

-Брифирана сум за ова трагично пукање и сум во постојан контакт со државната полција. Им благодарам на безбедносните сили и оние кои реагираа први за нивнната брза и херојска акција да спасат животи. Се молам за жртвите и за оние кои се погодени од ова, изјави гувернерот на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс.