Тројца силувале една жена во Радовишко


 

Тројца мажи на возраст од 22 до 29 години, приведени се во полиција, под сомнение дека слувале 33-годишна жена од радовишко село.

Имено, во петокот, во 4.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги привеле В.Ј.(29) од с.Конче, С.Р.(30) и Ѓ.М.(22) двајцата од с.Ракитец, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека извршиле обљуба врз 33-годишна жена од радовишко село.

Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.