Тројца починати и 10 новозаразени со Ковид 19 во изминатото деноноќие
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19. Случаите се регистрирани во Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.
Во исто време регистрирани се 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.
Регистрирани се три починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г).Сите пријавени се починати во болнички услови.